Фото: Маја Јаневска Илиева

На повеќе места во земјава е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во моментов јадра со поизразена нестабилност има околу Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе и Скопје, информираат од Центарот за управување со кризи.
Нестабилна облачна маса се спушти од север кон Скопската котлина и на повеќе места во градот и околината веќе има интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можната појава на град. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Засега нема информации за предизвикани штети од невремето.

Фото: ЦУК
Фото: ЦУК