Фото: Макфакс

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска до ЗЕЛС ја достави иницијативата за конфискација на дивоградби.

– Наместо да трошиме пари од буџетот за рушење, предлог законските измени кои ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на ненелегално изградените објекти пред надлежните органи. По конфискација, општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби. Општина Центар има неколку големи дивоградби на нејзината територија чие рушење чини стотици илјади евра – објави тој на Фејсбук.

Според него, време е да се направат крупни промени за заштита од урбанистичко насилство.