Фото: Макфакс

Градоначалничката Данела Арсовска почнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје.

Од општина Центар, за „Макфакс“ потврдија дека до нив е стигнато барање за отпочнување на процедура за враќање на Ќосето на крстосницата на која што претходно беше поставен.

Споменикот пред пет години беше отстранет по барање на ексградоначлникот Петре Шилегов оти се работело за дивоградба.

Ќосето, потоа, беше пренесен во магацин на „Металски завод-Тито“ во Скопје.