Денеска Општина Кисела Вода на својата територија започна со активности за садење на повеќе зимзелени, листопадни и украсни садници.
Градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на советот на општината, Дарио Шимиќ и членот на советот, Дарко Филиповски, со садење на неколку дрва го означиња почетокот на акцијата за зазеленување и намалување на аерозагадувањето.

Дрва се садат во паркот „Шопен“ и по должината на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги. По ова, активностите за садење дрва ќе продолжат да се одвиваат и во урбаната заедница „Расадник“ и на улицата „Сердарот“, во селото Драчево.

Садниците се донација од цементарница „Усје“.