Корисниците од улицата „Илија Димовски Гоче“ бр.11б и 13а и б, како и непарните броеви од 9а до 19а на улицата „Кресна“ (АВРОРА) во општина Аеродром утре од 8:30 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од објектите од број 1 до број 10 од улицата „Димитар Пандилов“ во општина Центар, од 9:00 до 10:30 часот корисниците од улицата „Борис Сарафов“ на крстосницата со улицата „Зенполе“ во општина Ѓорче Петров, а од 10:00 до 15:00 часот корисниците на дел од улиците „Варшавска“, „Виенска“, „Нобелова“ и „Мексичка“ во општина Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.