Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, поранешниот претседател Борис Трајковски и првиот претседател на Владата, Никола Кљусев, по повод 8 Септември – Денот на независноста и одбележувањето на 35-годишнината од независноста на државата.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје свежо цвеќе положиле и делегации на Собранието и Владата, предводени од претседателот на Собранието Африм Гаши и министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Почит кон тројцата државници оддале и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, гувернерот на Народната банка Трајко Славески, претставници на Сојузот на борците, судската власт, дипломатскиот кор и политичките партии.
На одбележувањето присуствувале и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалници на скопските општини, како и членови на семејството на Никола Кљусев.
































