Етикетите, навредите и омаловажувањата за правните експерти и професорите само ја покажува режимската матрица на Груевски во којашто е заглавен Христијан Мицкоски, велат од СДСМ реагирајќи на денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека ништо не очекува од експертската група за уставни измени, но оти ќе очекува одговорност и дека отпочнувањето на постапката нема да успее.

-Мицкоски е последен кој може да зборува и да прозива професори или пак истакнати правници. Граѓаните знаат дека Мицкоски има дипломирано кај својот татко. Не само што дипломирал, туку бил и асистент кај својот татко, а згора на се кај него дури и се вработил. Мицкоски сега ќе кажува за фалц професори? Па заради такви како него фалц професори УКИМ со години не може да се искачи погоре на Шангајската листа – се вели во реакцијата на СДСМ.

Дополнително, како што се посочува во партиското соопштение, Мицкоски е претседател на „криминална партија ВМРО-ДПМНЕ чиј претходник, осуден криминалец, побегна од правдата во гепек“.

-Конечно, Христијан Мицкоски нема образ за да се засрами а досега ги има пропуштено сите шанси и да се извини пред граѓаните, велат од СДСМ.