Во свечената сала на Офицерски дом во Битола, денеска свечено беше потпишан Меморандум за културна соработка меѓу Културно и информативен центар – Битола
и културно – информативниот центар во Подгорица, Црна Гора.
Во интерес на заедничка соработка и организирање на културни манифестации меѓу двата града, Меморандумот беше потпишан од директорките на актуелните институции
Лили Бошевска и Снежана Бурзан.
На средбата присуствуваа н.е амбасадорката на Црна Гора, Марија Петровиќ, конзулот на Црна Гора во Битола, Милорад Андријашевиќ, како и претседателката на Советот на општината Битола Габриела Илиевска и заменик-градоначалник Бојан Бојкоски. М.М.