Фото: Архива

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов поднесоа вкупно 1.300 амандмани до собранискиот архив за новиот закон за аудио-визуелни медиумски услуги.

Оваа материја требаше да се најде пред собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија во 12 часот, но седницата е одложена поради амандманската блокада на Левица.

– Нашите пратеници нема да дозволат јавниот простор и слободната мисла да бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим – се вели во соопштението на Левица.