Денеска на шалтерите во oпштината Битола битолчани почнаа да поднесуваат барања за проценка на штетите од земјотресите.
Врз основа на доставените барања, комисијата од oпштина Битола, ќе изврши проценка на штетите на терен, по што ќе биде соодветно постапено.
Барањата можат да се доставуваат до среда 26.01.2022 .
Инаку општинските власти побараа во обештетувањето на штетите на битолчани да се вклучи и Владата, од која побараа да одржи итна седница, на која би била разгледана состојбата во Битола по серијата земјотреси.
Последните денови Битола постојано ја тресат серија земјотреси со различна јачина, сепак, засега нема ни жртви ни повредени лица од првиот силен земјотрес со јачина од 5,5 степени, а не се предизвикани ни големи материјални штети.
Серијата земјотеси во голема мера го нарушија мирот и спокојот на битолчани, кои по новогодишните и божиќните празници покрај стравувањето од земјотресите стравуваат и од драстичното зголемување на бројот на заболени од ковид-19, кој се искачи дури на 226 новозаболени.
М.М.