Фото: Музеј галерија Кавадарци

Слика од ликовниот уметник Гоце Божурски беше продадена на хуманитарна аукција, а средствата се наменети за лекување на шестгодишните близнаци Благој и Дамјан Стојановски од Кавадарци. Делото, масло на платно со мотив мртва природа, го купи семејството Јаневи.

Божурски претходно донираше и 50 цртежи на Музеј-галерија Кавадарци, по повод 50-годишнината од отворањето на установата. Делата, изработени во техниката графитен отпечаток, беа претставени на изложба отворена на 2 септември.

За нивната изработка авторот користи траги од јавни ѕидови, ученички клупи и други површини врз кои времето и луѓето оставиле белези. Историчарот на уметноста Трајче Цветков на отворањето истакна дека цртежите претставуваат средба меѓу минатото и сегашноста, претворајќи ги секојдневните траги во уметнички дела. М.М.