Со полагање цвеќиња на спомен-обележјата на Методија Андонов Ченто, на Ѓорче Петров и Пере Тошев, делегации од локалната самоуправа, од Сојузот на борци, политичките партии, денеска во Прилеп го одбележаа 23 -ти Октомври, денот кога започна организираниот пат кон слободата, автономијата и независноста на македонскиот народ.
– Овој голем празник е симбол на македонската чест, непокор и национална гордост. Потсетник дека слободата се изборува со вера, истрајност и љубов кон татковината, а нејзиното зачувување и надградување е наша заедничка одговорност.
Македонија е она што го имаме, она што ни е најважно. Заслужува да ја градиме, заслужува сите да вложуваме во неа со заеднички сили, за нашиот град и нашата држава да изгледаат уште поубаво – рече градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски.
Ка.М.





































