Фото: Општина Битола

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски се сретна со Лука Дамчевски, 15-годишен битолчанец, кој вчера го фати крст во води во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Коњановски во име на општината му додели парична награда во износ од 15.000 денари и икона на заштитникот на Битола „Св. Нектариј Битолски“ .
-Мотивацијата ми беше да пробам, да видам какво е чувството за здравје. Го почувствував крстот со ногата, не беше тешко, но беше тешко да се извади поради гужвата, бидејќи имаше многу луѓе внатре, во водата – рече младиот Дамчевски.
М.М.