Лилјана Спировска на средбата со сегашниот британски крал

Поранешната почесна конзулка на Британија во Битола се сеќава на приемот од 1998 година

Новиот британски крал Чарлс Трети, за првпат ја посети Македонија во ноември 1998 година. Тогаш принцот Чарлс за мал број на поканети одбрани гости од Македонија приреди прием во хотелот „Континентал” во Скопје.

Честа да биде меѓу малкумината поканети гости на приемот ја имаше Лилјана Спировска, тогашен британски почесен конзул во Битола. Спировска за време на средбата на принцот Чарлс му подари материјали за Битола, книга и цеде.
Таа долго време ја памети средбата со денешниот британски крал

– Долго време ќе ја паметам средбата со принцот Чарлс во хотелот
„Континентал“ . Тој беше мошне средечен и иако имаше набиена агенда внимателно ме
сослуша кога му зборував за Битола. Како почесен конзул на Велика Британија во Битола ќе ги паметам и средбите со принцот Едвард во 2006 година и принцот Мајкл во 2012 година, но криво ми е што не успеав да се сретнам лично со кралицата која исклучително му ја почитував, бидејќи по многу нешта беше посебна – вели поранешната почесна конзулка на Велика Британија во Битола.
М.М.