Фото: Маја Јаневска Илиева

На две избирачки места во Куманово поради нефункционирање на УБИГ апаратите не се отворени навреме избирачки места, во едно место 1090 изгубен е печатот, информираа денеска од ОИК Куманово.

– Утринава во Куманово беа отворени 164 од вкупно 167 избирачки места. Три не беа отворени. 1075 од причина што УБИГ апаратот не беше во функција подолго од три часа, и покрај сите обиди да се донесат нови. Исто така и за избирачкото место 1100, додека во избирачкото место 1090, изгубен е печатот. На овие места според моите информации не е продолжено гласањето во текот на денот. Се чекаше одлуката на ДИК за прекин на гласањето и гласањето ќе биде повторено – изјави претседателката на ОИК Куманово, Елизабета Стојковска.

Во однос на останатите места нема некоја посебна забелешка освен за УБИГ апаратите во некои места.

– На гласачките места нема забелешки обично кога УБИГ апаратот кога не го регистрира фингерпринтот, но постои начин да се гласа со лична карта доколку избирачот си е запишан во избирачкиот список, си го остварува правото на глас – изјави Стојковска.