Фото: Маја Јаневска-Илиева

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски оддржаа заедничка прес-конференција по средбата во Владата.

-Тука сум денеска да ви кажам вам и на граѓаните на Северна Македонија дека сте на добар пат да се приклучите на ЕУ. Со нетпрение очекувам да ве пречекаме таму – рече Фон дер Лајен.

Истакна дека мора да каже дека е навистина неројатно да се види напредокот, кој што Македонија го постигна како и решителноста да се движи напред во вистинската насока.

-Тоа е импресивно. Знаеме дека ЕУ има долга историја на пристапување, не била секогаш Унија на 27 членки, туку постојано се работело на проширувањето и таа има историја на почитување за сите и за секоја нација и почит за разноликоста која ја претставуваме. Затоа еден ден сигурна сум дека ќе ја пречекаме Северна Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и сопствен јазик. Денеска веќе имаме 24 различни јазици во ЕУ, а еден ден ќе го вброиме и македонскиот јазик во нив –  рече таа.

Фото: Маја Јаневска Илиева

-С.Македонија веќе постигна многу, изоде многу и мојата желба е дека апсолутно треба да продолжите. Скрининг процесот се одбвива беспрекорно и ние се стремиме да ги отвориме преговорите за кластерот „Фундаменти“ оваа година и знам дека можеме да го направиме тоа. Свесна сум секако за промената на Уставот. Првите  чекори веќе се преземени во Собранието и тоа се добри вести, а сега се надевам дека сите партии, сите страни ќе ја искористат оваа можност да се придвижат напред затоа што сега е вистинскиот момент, цела ЕУ и сите земји кои сакаат да се приклучат кон процесот на проширување. Затоа важно е да се искористи овој момент. Знам дека овие процеси можат да бидат предизвикувачки и сигурна сум дека ќе ја одржите вашата репутација на успешно  мултиетничко општество. Вие веќе го  отелотворувате мотото на ЕУ – обединети во разнопликоста и тоа е зошто Скопје го доби престижниот наслов на Еропски град на културата за 2028 – рече Фон дер Лајен.

Таа изрази надеж дека партиите ќе ги поддржат уставните промени, бидејќи, како што рече, сите тие имаат одговорност за иднината на државата.

-Изборот е ваш и затоа навистина се надевам дека сите страни, сите партии, ќе го искористат тој момент и ќе ги поддржат уставните промени, затоа што се работи за вашата иднина и сите партии имаат одговорност за иднината на С.Македонија“, рече Лајен.

Фото: Маја Јаневска Илиева

Втората порака која ја пренесе претседателката на ЕК денеска на прес-конференцијата во Владата е дека треба да се збилжат економиите.

-Ние веќе го правиме тоа. Гледајќи наназад имаме план од 30 милијарди евра за инвецстии кој брзо се испорачува, вели Фон дер Лајен и при тоа ги спомна инвестициите во чиста енергија како соларните централи во Битола и Осломеј, ветерниот парк во Богданци и поддршката од 80 милиони евра за справување со енергтетската криза лани, за која нагласи дека е битно дека заедно се справивме.

Ковачевски рече дека Лејен е еден од најголемите пријатели на С.Македонија и секогаш доаѓа со конкретни чекори и планови за приближувањето кон ЕУ, а денеска разговарале за конкретниот план за раст кој ќе донесе конкретни придобивки за земјата и граѓаните пред полноправното членство.

Фото: Маја Јаневска Илиева

-Овој план ние го баравме и затоа сакам да и се заблагодарам на претседателката за подготовката на планот. Овој план ќе даде нов силен поттик на евроинтеграциите на земјата. Со неговата реализација која зависи и од ЕУ, но пред се од нас, Западен Балкан двојно ќе го зголеми обемот на екјономијата на регионот, а нашите економии ќе пораснат за околу 10 проценти – рече премиерот Ковачевски.

Дел од придобивките кои ги носи планот се: можност за отворање на влез на ЕУ пазарот за македонските производи, зголемување на обемот на опфатот на производи без царини, непречено движење на услуги во делот на електрионската тргоција и зголемување на квалитетот на образованието.

Претседателката на Европската комисија вечера со претседателот Стево Пендаровски, а денеска Ковачевски со свечена церемонија ја пречека на платото пред Владата, по што следуваше билатерален состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција.

Од Скопје, претседателката на ЕК ја започнува четиридневната турнеја низ државите на Западен Балкан, а пред да продолжи за Приштина заедно со премиерот Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и евроамбасадорот Гир, ќе го посети индустрискиот капацитет „Џанвики ДОО“ за преработка на зеленчук и овошје, најголемиот корисник на ИПАРД програмата во државата.

Од независноста до денес поддршката на ЕУ за земјава изнесува над 3,3 милијарди евра.