Фото: Принтскрин

Кристијан Пендиков ќе добие бугарско државјанство, соопшти денеска бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков. Тој рече дека министерството за надворешни работи ќе му обезбеди привремено сместување додека престојува во Бугарија.

– Тој е загрижен за својот живот доколку се врати во Северна Македонија, па затоа се размислува и за назначување на обезбедување – вели бугарскиот министер.

Милков коментираше дека досега нема успех за затоплување на односите меѓу Бугарија и Македонија, и покрај напорите. Рече дека треба да се одржат консултации на кои ќе бидат ставени спорните прашања меѓу двете страни.

– Обидите за надградба, обидите за смирување на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија всушност беа поткопани со одредени конкретни постапки на властите во Скопје. Ова, се разбира, означува нова, уште пониска точка во нашите односи – истакна министерот.