Фото: Влада/Архива

Забранетиот лет на авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров требаше денес да пристигне во дводневна посета на Белград нема поинаков третман од останатите летови на руските авиопревозници, објасни денес премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на Пробиштип. Забраната за прелет на руски авиони останува, според Ковачевски.

– Ние имаме донесено одлука за забрана за прелети на руски авиопревозници преку територијата на нашата држава. Ние сме членка на НАТО, што значи дека одлуките кои се носат во НАТО се и наши одлуки и ние имаме целосно усогласена надворешна политика со политиката на ЕУ. Во однос на конкретниот авионски лет нема никаков друг третман во однос на одлуката која што е донесена која е во сила и која останува во сила. Во однос на конкретниот авионски лет нема никаков друг третман – рече Ковачевски.

Откако Бугарија, Македонија и Црна Гора го забранија прелетот на неговиот авион, Лавро рече дека таквата одлука е незамислива.