фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните три дена (од 3 до 5 јуни) направени се 2.257 тестови, а регистрирани се 135 нови случаи на ковид-19: Скопје – 93, Битола и Кавадарци – по 8, Прилеп, Охрид, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Неготино – по 2, Тетово, Кичево, Свети Николе, Дебар, Виница и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (135), регистрирани се 25 реинфекции. Регистрирани се 164 оздравени пациенти од: Скопје – 121, Битола – 19, Штип – 4, Прилеп – 3, Кавадарци, Куманово, Неготино, Кичево и Свети Николе – по 2, Велес, Тетово, Кочани, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите три дена (од 3 до 5 јуни) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.060.554 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.292, бројот на оздравени пациенти е 302.508, на починати е 9.309, а бројот на активни случаи изнесува 475.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 147.158, активни 311
Куманово 16.677, активни 5
Битола 15.686, активни 38
Прилеп 14.219, активни 8
Тетово 13.482, активни 6
Кавадарци 10.695, активни 11
Велес 9.799, активни 10
Гостивар 9.610, активни 5
Охрид 8.935, активни 30
Штип 8.077, активни 13
Струмица 8.076, активни 3
Кичево 5.652, активни 2
Кочани 5.096, активни 5
Струга 4.728, активни 1
Гевгелија 4.423, активни 1
Неготино 3.697, активни 7
Ресен 2.751, активни 1
Свети Николе 2.635, активни 2
Радовиш 2.531, активни 0
Крива Паланка 2.418, активни 0
Делчево 1.986, активни 1
Берово 1.691, активни 9
Дебар 1.678, активни 2
Валандово 1.488, активни 0
Виница 1.394, активни 2
Пробиштип 1.267, активни 0
Богданци 1.021, активни 0
Кратово 966, активни 0
Крушево 930, активни 1
Демир Хисар 836, активни 0
Македонски Брод 739, активни 1
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 525, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 347, активни 0