Зијадин Села/Фото: МИА / Архива

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, изразил целосно уверување дека европскиот предлог за одржување на првата меѓувладина конференција и почетокот на преговорите за членство во Европската унија не го загрозуваат на било кој начин идентитетот, културата, историјата и македонскиот јазик, на денешната проштална средба со амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.

– Политичарите се избираат за да носат одлуки, затоа потребна е смелост за донесување одлуки што ја гарантираат иднина за земјата, а не личната кариера на некој функционер. Опозицијата секогаш била против сите ставови и стратешките одлуки за земјата, а историјата докажала дека била на погрешна страна – истакна Груби.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изјави дека Македонија „мора да го прифати францускиот предлог по отстранувањето на ветото на Бугарија за да се отворат преговорите со ЕУ“.

Преку скајп-интервју за „Ора њуз“, Села додаде дека Албанците не треба да останат заложници на конфликти кои се рециклираат и се повторуваат на секои четири до пет години.

– Ова е понудата што ја има Северна Македонија на маса и треба да се сфати многу сериозно. Одлуката не е дали ќе го прифати или не пакетот или францускиот предлог, туку изборот што мора да го направи Северна Македонија е дали да го продолжи или не европскиот пат. Ако нѐ прашаат, ние отворено сме го кажале нашиот став. Ние сме за продолжување на ова патување кое поминува низ прифаќање на францускиот предлог. Мислам дека Северна Македонија нема да има подобар предлог за решение на овој спор и затоа дефинитивно мора да продолжиме по овој пат. Албанците не можат да останат заложници на конфликти кои се рециклираат и се повторуваат на секои четири или пет години – рече Села.

Сега, кога проблемот со Грција е надминат, посочува тој, преку таканаречениот договор од Преспа, се надевам дека ова треба да биде последниот консензус што треба да го донесе креирањето политики во Северна Македонија и да одиме кон ЕУ како регион.