Фото: Фејсбук/Артан Груби

Првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби не гледа ништо неморално и неетички во тоа што попладнево со министрите од ДУИ играл кошарка и фудбал во неговиот кабинет.

Како што рече вечерва, денот бил напорен и предизвикувачки. Пораката од „играњето“ била дека се одличен тим, многу сложни заедно, дека се млади и полетни, желни за резултати и дека само што почнале со работа.

Фото: Фејсбук/Артан Груби

– Не беше во работно време, но и да беше. Беше по завршување на Управувачкиот комитет за изградбата на коридорите 8 и 10 д што е најголем проект во независна Северна Македонија. Потоа имаше владина едница со многу точки и обраќање на шведската амбасадорка. Напорен беше денот, предизвикувачки. Со Нуредини се сретнавме на кафе првпат откако се повлече од функцијата. Во мојата канцеларија има фудбал, голче, кош, баскет, топка за ракомет… Не гледам ништо неморално и неетички, едноставно шутиравме, си игравме малку фудбал, пет минути, и баскет. Зошто да не играме внатре? На мало голче игравме фудбал, во тоа не гледаме ништо спорно, објасни Груби во вечерашното гостување на 24 Телевизија.

Фото: Фејсбук/Артан Груби

Тој потсети дека согласно реогранизацијата на органите на државната управа што ја усвои Владата, Министерството за политички систем треба да ја преземе и Агенцијата за млади и спорт.

Групи попладнево на својот фејсбук-профил објави фотографија со своите колеги од ДУИ како игра баскет и фудбал во неговиот кабинет, на која пишува „Дрим тим“. „Дрим-тимот“ кој беше во канцеларијата на Груби го сочинуваат актуелните министри Бујар Османи, Крешник Бектеши, Фатмир Бесими, Јетон Шаќири, како и нивниот доскорешен колега Насер Нуредини.