Фото: Макфакс

Сакаме да влеземе во Европа со нашиот македонски јазик како Македонци, а не да нѐ уценуваат и да прифаќаме тоа што не сме, порачаа учесниците во протестот во Сарамзалино, на магистралниот пат Велес-Штип, кој ќе биде блокиран еден час.

Околу 200 учесници во протестот мирно го искажаа незадоволството од францускиот предлог, кој предизвика голем револт кај граѓаните.

Тие бараат оставки од владините министри и бараат Османи да го објави билатералниот протокол кој го крие седум дена од јавноста.

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска потсети на правата и должностите кои ги предвидува Законот за јавните собири, нагласувајќи оти блокирањето на автопати е спротивно на законот.

Се додава дека МВР ќе го прекине одржувањето на јавниот собир во случај кога неговото одржување е во спротивност со меѓународните договори со кои е предвидена обврска за непречено одвивање на сообраќајот. Ова дотолку повеќе што во известувањето од страна на организаторот се најавени блокади на автопати и магистрални патишта, и тоа: пат кон Прилеп, патни правци од Радовиш кон Струмица и од Штип кон Велес, што е во спротивност со наведените законски обврски.