Одвреме-навреме, прашања за владеење на правото досега се дебатирале во Европскиот парламент (ЕП). Брисел директно бил погоден од некои внатрешни закони и подзаконски акти донесени во Полска, Унгарија, Малта…, па токму заради тесниот интерес на Брисел, овие дебати во ЕП биле погласни. Забележано е дека во минатото се одржале и други дебати на темата за „владеењето на правото“, каде што актери на тапет биле Грција, Бугарија, па и Словенија. Според нашите соговорници, ЕУ би требало, доколку сериозно се осврнува на проблемот со владеењето на правото кај своите членки, многу лесно да го направи (опсервира и анализира) тоа кај Бугарија, во која не само што европските анализи покажуваат дека постои битно намалена функционалност на државните институции туку како членка на ЕУ флагрантно ги крши принципите на меѓународното право, а и самите базични принципи на функционирањето на ЕУ

Европскиот парламент (ЕП) отвори дебата на пленарна седница со точка на дневниот ред „Закани за владеењето на правото како последица на владиниот договор во Шпанија“

Европскиот парламент отвори дебата за шпанскиот закон за амнестија, кој беше на дневниот ред на пленарната седница насловена „Закани за владеењето на правото како последица на владиниот договор во Шпанија“. Уште при самата најава за одржување на дебатата во Стразбур, за „демократскиот квалитет на Шпанија“, европратеникот од десниот центар Естебан Гонзалес Понс изјави дека таа дебата ќе претставува „понижување за земјата“.
Споменатата дебатата е свикана откако Социјалистичката партија на Шпанија (ПСОЕ) предводена од Педро Санчез, како и баскиските и каталонските сепаратистички сили се согласија со контроверзниот закон за амнестија, за оние што беа вклучени во обидот за сецесија во Каталонија во 2017 година.

ЕУ не може против своите членки кога станува збор за владеењето на правото?!

Предложената амнестија во Шпанија ќе опфати околу 400 луѓе што беа вклучени во кампањата за независност на Каталонија, која кулминира со референдумот за независност во 2017 година. Овој закон за амнестија во Шпанија е причина во Европскиот парламент да се расправа за квалитетот на шпанската демократија, односно владеењето на правото.
– Европската Унија ги слуша шпанските судии – нагласи шпанскиот европратеник Понс, осврнувајќи се на многуте судии, кои со невиден гест, ја надминаа својата наводна „политичка неутралност“ за јавно да се спротивстават на вонредниот закон за амнестија одобрен од шпанската влада.
Одвреме-навреме, прашања за владеење на правото досега се дебатирале во Европскиот парламент (ЕП). Брисел директно бил погоден од некои внатрешни закони и подзаконски акти донесени во Полска, Унгарија, Малта…, па токму заради тесниот интерес на Брисел, овие дебати во ЕП биле погласни. Забележано е дека во минатото се одржале и други дебати на темата за „владеењето на правото“, каде што актери на тапет биле Грција, Бугарија, па и Словенија. Но сето тоа било со исклучително слаби ефекти во внатрешното законодавство или процедури на споменатите земји членки.
Според нашите соговорници, ЕУ би требало, доколку сериозно се осврнува на проблемот со владеењето на правото кај своите членки, многу лесно да го направи (опсервира и анализира) тоа кај Бугарија, во која не само што европските анализи покажуваат дека постои битно намалена функционалност на државните институции туку како членка на ЕУ флагрантно ги крши принципите на меѓународното право, а и самите базични принципи на функционирањето на ЕУ.
– ЕУ треба да отвори посериозна дебата, особено сега кога има сѐ повеќе авторитарни лидери со националистички анти-ЕУ сентимент, и таа дебата треба да дефинира како духот на Унијата да стане основен дискурс во националните правни рамки. Бугарија и Грција и сѐ повеќе земји членки покажуваат дека основните темелни вредности на правото се под закана, вклучувајќи ги и темелните вредности на самата Унија. Затоа е пресудно ЕУ да се избори нејзините членки да бидат пример за победа на правото над политизацијата и ситно ценкање за краткорочни политички поволности – смета Ида Мантон, професорка по меѓународни преговори и медијација за потребата во ЕУ да се преиспита владеењето на правото во споменатите земји членки.