Литературно катче

Книгата колку и да е стара
од тебе читање бара,
во книгите многу зборови
се напишани
за векови потпишани.
Книгата различни
знаења плете,
учи и
голем и дете.
Книгата има голема
силна моќ,
што е корисна
и ден и ноќ.
Книгите ги има со
различна култура,
и во секоја книга
има различна авантура.
Книгата е релаксација,
и во рацете на читателот
е на вистинска дестинација.
Книгата има
различна арома,
и се чита и надвор и дома.
Книгите се тешки ко метал
и во нив е напишано
се до детаљ.
Книгата те моли,
читај ме веќе нема да ме боли!

Драгана Рајкова,
5-A одделение
Второ место на литературниот конкурс распишан од
културниот дом „25 Мај “
во Валандово, на темата
„Моќта на книгата“.