Фото: Маја Јаневска Илиева

Граѓаните не бараат избори, туку реформи. Доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме – изјави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во одоговор на новинарско прашање.

– Граѓаните не сакаат избори. Граѓаните сакаат реформи и континуитет на процесите  што ги води оваа Влада. Затоа ја направив онаа споредба на почетокот – три спрема еден – на перформансите на оваа Влада во споредба со претходната влада. Ние како коалиција имаме добиено легитимитет од граѓаните за да бидеме Влада четири години. Но, она што јас вчера го кажав, ќе го потврдам, а тоа е доколку опозицијата мисли дека се потребни предвремени избори, се разбира, ние нема да седиме на страна како кукавици, туку ќе одговориме на тоа барање позитивно и се разбира дека ќе ги победеме – изјави Мицкоски пред учеството на амбасадорскиот совет.