Илустрација / Фото: МВР / Архива

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, а четири се изгаснати.

Активни се пожарите во Оштините Прилеп, Новаци и Могила: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица – село Лопатица, крак кон Црна Река, крак кон село Орле во Општина Новаци и крак кон с. Мојно во Општина Могила (ниска вегетација), Општина Крушево: село Белушино и село Јакреново (ниска вегетација и деградирана дабова шума), во Општина Студеничани: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер (мешана шума), Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).

Натаму, како што информира ЦУК. активни пожари има и во Општина Кичево: село Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума), Општина Велес: село Караслари (ниска вегетација и грмушки), Општина Липково: село Никуштак (ниска вегетација и шума) и во Општина Куманово: село Кучкарево и село Градиште (ниска вегетација).

Изгаснати се пожарите во Општина Радовиш: село Калугерци (ниска вегетација и контејнер), Општина Гостивар: кај стадионот во населба Фазанерија (ниска вегетација и ѓубре), Општина Неготино: м.в. Ило Виларов (ниска вегетација) и во Општина Струга: Ново Село (ниска вегетација).