Фото: Маја Јаневска-Илиева

Премиерот Зоран Заев вети исполнување на стратешките цели на државата, успешно и ефикасно справување со пандемијата, подинамичен економски раст, владеење на правото и модерно образование, како и силни институции, на приемот на новиот владин состав кај претседателот Стево Пендаровски. Заев истакна дека програмата на новата влада нуди решенија за граѓаните, државата и за заедничката иднина.

– Имаме силни агрументи да го убедиме претседателот Стево Пендаровски дека не обединува искрена определба и политичка волја за засилено исполнување на страшетките цели на нашата земја – истакна Заев.

Меѓу приоритетите на новата Влада се економијата и забрзаниот економски раст, а Заев најави и структурни реформи во јавната администрација, со цел таа да стане уште поефикасна.

– Реформата во институциите почнува токму со составот на оваа Влада – рече Заев.

Во план е отворање на 80 отсто од преговарачките процеси во следните четири години, како и завршување на процесот во следните шест години, според премиерот.