Фото: Архива

Неколку млади денеска се засолнале во малата куќичка во ски-лифтот Г-СТАЗАТА на Попова Шапка, поради лоши временски услови. Тие биле евакуирани со ратрак и се во добра здравствена состојба.

– Во 15.35 часот на бројот за итни повици 112 добиена е пријава од млади лица кои заглавиле во Попова Шапка и истите се наоѓле во малата куќичка која се наоѓа во ски лифтот Г – СТАЗАТА. Поради лошите временски услови силен ветер и снег и магла истите неможеле да се спуштат надолу бидејќи видливоста била ограничена само на неколку метри – соопштија од ЦУК.

РЦУК Тетово ја известила полициската станица на Попова Шапка, од каде со помош на ратрак околу 16 часот младите лица биле симнати на безбедна локација и се во добра здравствена состојба.