Фото/Илустрација: Пиксабеј

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија во 18.16 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 107 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Демир Капија, со Рихтерова локална магнитуда 3,2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел, и тоа од населението во околината на Демир Капија, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.