Група момчиња со бугарско знаме и бугарски национални обележја се појавија пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, при чествувањето на 150-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер. Според првичните информации, станува збор за членови на бугарско здружение од Македонија.
Тие застанаа со бугарското знаме откако на гробот на Гоце Делчев цвеќе положија и бугарските делегации, со што не се познати мотивите за нивното доаѓање. Бугарската делегација во земјава ја предводеше шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, која положи цвеќе на централната свеченост по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, заедно со македонската министерка за култура Бисера Костадинова Стојчевска и заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки.