Фото: Илустрација/МИА

Системот на граничниот премин Деве Баир помеѓу Македонија и Бугарија, близу два часа не е функција и има застој за влез во земјава.

Дел од бугарските граѓани тргнати да оддадат почит на великанот Гоце Делчев стојат заглавени во колона на граничниот премин, известува „Макфакс“.

На граничните премини падна системот за контрола и во моментот се работи на негово оспособување.

– МВР информира дека системот на граничните премини не се во функција, но екипи работат на негово оспособување. Селективно се пропуштаат само итни случаи – се вели во информацијата од МВР.

Бугарските здруженија најавија дека околу 150 граѓани со автомобили ќе дојдат да оддадат почит.