КОШАРКА – НБА

Леброн Џејмс забележа 26 поени и по седум скока и асистенции и поттикна уште една одлична четврта четвртина на еден натпревар, помагајќи да се надмине негативата од 14 поени за да го одведе Лос Анџелес лејкерс до победа на гости кај Индијана, со 112-111, во натпревар од кошаркарската НБА-лига.
Сега Џејмс има 63 поени помалку од рекордот на НБА-лигата на Карим Абдул Џабар, кој постигна вкупно 38.387 поени. ЛА лејкерс утре изутрина гостува кај Њу Орлеанс, а в среда игра дома со Оклахома. Џејмс сега има 38.325 поени.
– Мислам дека тоа е еден од најголемите рекорди во спортот воопшто. Тоа е како рекорд за хоумран во бејзбол. Тоа е еден од оние рекорди што никогаш не ги гледате или мислите дека ќе бидат соборени – вели тој.