Фото: Макфакс

Денес, заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол Марија Митева и секретарот за меѓународна соработка Стефан Андоновски, остварив средба со членот на германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за Европа, Антон Хофрајтер – соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На средбата како што информира се заблагодарил за искрената поддршка на Германија кон евро-интеграцијата на Македонија и истакнал дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи асимилација на македонскиот народ и негирање на македонскиот јазик и идентитет.

– Референдумот е најдемократски начин на изразување на мислењето на граѓаните. Оттука, граѓаните имаат право да кажат дали се согласни со Договорот со Бугарија кој на македонските граѓани им донесе обиди за негирање, асимилација и понижување – кажал Мицкоски.