Фото: Маја Јаневска-Илиева

Министерството за надворешни работи со внимание го следи развојот на состојбите во Република Судан, велат оттаму.

-Според досегашните информации добиени од нашата Амбасада во Каиро, како надлежно дипломатско – конзуларно претставништво за Судан, во моментот нема наши државјани кои престојуваат во земјата, а воедно, од почетокот на тензиите во земјата, не се регистрирани повици од наши државјани на кои им е потребна помош. Во оваа прилика апелираме доколку има наши државјани кои се наоѓаат во територијата на Судан да ја контактираат Амбасадата на Македонија во Каиро на телефонскиот број +201033615542 и е-мејл адреса [email protected], како и Министерството за надворешни работи на СОС телефонот + 389 75 273 732 и следната емејл адреса [email protected] – велат од МНР.