Фото: Влада

Ние во сите клиники имаме еден тајминг и праќаме инспекциски надзор. Од Државен санитарен инспекторат, наредив, а има инспекција во Клиниката за кардиохирургија и видовме од извештајот дека има големи злоупотреби и поради тоа така постапив. За тоа одлучуваат професионалните органи. Тие решиле дека има злоупотреба и затоа така постапив. Нема да дозволам да има директори кои 5 до 10 години не доставиле никаков извештај и немаат ништо сработено. Не работиме напамет, имавме сознанија и имавме од одредена клиника поплаки за мобинг и други злоупотреби. Оваа клиника беше случајно. И во наредните месеци ќе пратиме инспекции во сите клиники и здравствени установи, рече министерот за здравство Фатмир Меџити во гостување на ТВ 24 за разрешувањето на проф. д-р Сашко Јовев од позицијата директор на Државна кардиохирургија.

Меџити рече дека не навлегува во стручноста на професорот Јовев бидејќи на Клиниката меѓу себе се знаат „кој колку вреди“.

Меџити го разреши кардиохирургот Јовев кој ја изврши првата трансплантација на срце

На прашањето зошто се формализира кога д-р Јовев е исклучителен лекар под чие раководство беше извршена првата трансплантација на срце, подоцна и уште седум трансплантации, Меџити рече дека не ја спори стручноста.

-Јас за него како професионалец нема да коментирам, не навлегувам во неговата стручност, и јас доаѓам како лекар од Клиничкиот центар, таму се знаеме меѓу себе кој колку вреди. Но да не ја мешаме професионалноста како лекар и како директор. Тука стануваше збор за злоупотреба на работното време и внатре во менаџирањето. Има извештај за тоа зошто е разрешен. Имаше разрешување и во Тетово за неприсуство на работното место. Немаме таков луксуз за такво нешто. Нема да дозволиме такви директори. Сакам да отфрлам каква било инсуинација дека разрешувањето има политичка позадина. За лоши резултати и злоупотреби го разрешив и директорот на болницата Бардовци кој е од Алијанса за Албанците, партијата од чии редови сум и јас министер – рече Меџити.

Проф. д-р Јовев во изјава за „Фокус“ денес рече дека Меџити го разрешил бидејќи пред една недела го избрал датумот кој го предложил премиерот Димитар Ковачевски за отворање на хибридната сала на клиниката.– Двајцата кажаа различни термини на кои им одговара денот кога официјално да се пушти во употреба хибридната сала, но премиерот инсистираше на одреден датум со оглед на многубројните активности што ги има. Се одлучивме за таа дата и тука се налути министерот, кој не се појави на самиот настан – рече Јовев за „Фокус“.