Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла со променлив интензитет. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок, а нов влажен бран со врнежи претежно од дожд повторно се очекува во сабота попладне и во недела, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до минус два, а максималната дневна ќе достигне 17 степени.