Фото: Принтскрин

Авионот кој се запали при слетувањето на пистата на токискиот аеродром „Ханеда“, се судрил со помал авион, а во несреќата загинале сите пет членови на екипажот на помалиот авион, соопшти полицијата.

Снимките на локалната телевизија покажуваат чад што доаѓа од авион на „Јапан Ерлајнс“ на пистата во Токио, објави „Анадолија“.

Повикувајќи се на „АФП“, „Хина“ пренесе дека се верува дека авионот со 379 патници и членови на екипажот се запалил откако се судрил со авион на крајбрежната стража.

Во краткиот клип прикажан на јапонската јавна телевизија, се гледа како авионот се движи по пистата, потоа се слуша експлозија и се гледа чад зад авионот, кој застанува.

Крајбрежната стража објави дека ја истражува можноста еден нејзин авион да се судрил со патнички авион.

Сите 400 патници и членови на екипажот биле евакуирани од авионот, но сите пет лица од помалиот брод загинале.

Телевизијата НХК објави дека станува збор за летот 516 на JAЛ, кој летал од аеродромот Шин Читосе во Јапонија до „Ханеда“.

„Ханеда“ е еден од најпрометните аеродроми во Јапонија и многу луѓе патуваат за време на новогодишните празници.