Фото: Принтскрин

Пожар избувнал во авионот додека се движел по пистата на јапонскиот аеродром Ханеда во Токио, се вели во видеото што го објави јапонската телевизија „НХК“. Во авионот имало 367 патници и 12 членови на екипажот и сите биле евакуирани.

На снимката се гледа експлозија на пистата на која се движел авионот. Се гледа и дека пожарникарите го гаснат пожарот додека пламенот исто така излегува од прозорецот на кабината на авионот.

Во авионот на „Јапан Ерлајнс“ имало 367 патници и 12 членови, соопшти авиокомпанијата. Патниците и дел од екипажот биле безбедно евакуирани, а потоа биле пронајдени пет членови на екипажот, но нивната состојба не е соопштена.

Засега нема извештаи за повредени.

Не е јасно дали пожарот бил предизвикан од експлозија на опремата за време на слетувањето или има некоја друга причина.

Како што потврдил портпаролот на аеродромот, превентивно е евакуиран целиот патнички терминал.