Фото: ЦУК

Активен е пожарот кај охридските села Вапила и Сирула – горат борова дабова шума и ниска вегетација, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Интервенирано е со едно противпожарно возило на ТППЕ – Охрид со тројца пожарникари и три лица на ЈП „Национални шуми“, подружница „Галичица“.

Освен овој активен пожар во Охридско, 26 се изгаснати, соопшти утрово ЦУК за состојбата со пожарите во земјава во изминатите 24 часа.