фото: Пекселс

Денеска околу 10.50 часот на булевар „Борис Трајковски” во Скопје е приведен е Ф.В.(22) од Скопје, откако полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, при преглед во неговата торба пронашле околу три килограми марихуана.

Пред да биде лишен од слобода, информираа од МВР, тој се обидел да избега, но набргу бил фатен и приведен.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.