Полициски службеник вербално вознемирувал неколку ученички во средно училиште во Скопје.
По пријавата во полиција веднаш се преземени соодветни мерки за расчистување на случајот и известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, соопшти МВР.
Против полицаецот ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и суспендирање од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.