Фото: Илустрација/Пикселс

Грабеж утринава се случил во обложувачница на подрачјето на општина Бутел. Со закана со оружје две лица одзеле пари од вработен во обложувачницата. Случајот го потврди Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде информираа дека пријавата е стигната во 10.20 часот.

Претходно, дел од медиумите објавија дека е извршен грабеж спроти Скопјанка во општина Аеродром и дека на терен се повеќе полициски екипи, но од МВР велат дека таков случај не е пријавен кај нив. Според информациите на „Макфакс“, во Скопјанка имало полициско присуство поради друга акција. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.