Фото: Маја Јаневска-Илиева

Продолжување на дијалогот и подобра соработка со Бугарија, очекува министерот за надворешни работи Бујар Османи, откако, како што напомена, отсуството на политичка Влада во Софија претставувало отежнувачки фактор за Македонија.

– Тоа што досега немаше политичка влада во Бугарија беше отежнувачки фактор за нас, немаше политички партнер со кој можеме да се договориме, а во услови кога нема политичка влада тогаш конзервативни и радикални елементи во општеството го диктирираат наративот. Тоа, за жал, ни се случи на нас. Се надевам дека после изборите во недела во Бугарија ќе се формира политичка Влада и конечно ќе можеме да продолжиме со дијалогот и соработката – изјави Османи.

Изборите во Бугарија ќе се одржат в недела.