На крстосницата од улицата Босна и Херцеговина, улицата Кемал Сејфула и улицата Александар Урдаревски, вчера, во 17.20 часот лицето Џ.М.(47) од Скопје, управувајќи мотоцикл „априлија“, со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот, информираат од МВР.

Лицето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.