Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од Државниот инспекторат за животна средина и преставник од ЗОО Скопје, по претходно добиена наредба од јавен обвинител, денеска извршиле контрола во угостителски објект во селото Чегране.

Како што информираат од МВР, при извршената контрола пронајдена е мини-зоолошка градина, која била во состав на објектот, при што било констатирано дека во неа се чуваат повеќе диви животни, за кои сопственикот не поседува документи.

По документирање на случајот од страна на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде изготвен записник, а СВР Тетово до надлежното обвинителство против сопственикот на објектот ќе поднесе соодветна пријава.