Емил Павлов

Најдобриот македонски каратист, Емил Павлов го освои сребрениот медал во категоријата до 67 килограми на Светското првенство во Дубаи, откако во финалето беше поразен од актуелниот олимписки шампион, Французинот Стивен да Коста, со резултат 0-8.

Павлов до завршната борба редум ги совлада Али Елсави од Египет, Абдала Хамад од Јордан, Садтидин Сајматов од Узбекистан, Словакот Матеј Хомола, како и Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси во полуфиналето.

Павлов е двократен европски првак (во 2014 и во 2018 година), а двапати бил и трет (во 2016 и во 2019 година) и е носител на бронзен медал од првите Европски игри (во 2015 година).