Навивач на Глазгов Ренџерс кој пристигнал во Скопје да го бодри клубот на синоќешниот меч од УЕФА Европа лигата со Шкупи, исчезнал и не се вратил дома.

Последен пат е виден во 1 часот после полноќ, со син дрес на Ренџери, неговиот брат преку социјалните мрежи моли за помош.

Веднаш е стартувана акција за наоѓање на Џејмс Меклахан, кој го пропуштил летот за враќање дома.