Нетрпеливоста меѓу возачите Марк Маркез и Валентино Роси датира уште од 2015 година, кога двајцата имаа сериозна кавга во Австралија и Малезија, но оваа година во Аргентина тие повторно го разгореа судирот.

Иако навидум делува дека по инцидентот во Аргентина страстите се смируваат, сепак Маркез во интервју за  италијанскиот весник „Кориере дела сера” ја префрла топката во дворот на Роси и наведува дека од неговата страна е се простено.

– Помирувањето не зависи од мене. Што се однесува до мене се е решено уште во 2015 година. Во Аргентина се случи проблемот во трката и барав простување. Казнет сум со одземање на бодовите и што уште треба да направам, истакна Маркез.

Двајцата возачи имаа судир во Малезија во 2015 година, при што Роси го турна од моторот својот Маркез, кој иако не беше кандидат за титулата возеше многу агресивно.

– Не знам како на Роси му успева и понатаму да се трка. Можете да тренирате и да бидете физички подготвени, Но мотивацијата да возите трки, да се носите со медиумите, притисокот, сето тоа не се тренира. Тоа е лудо и му се восхитувам поради тоа, наведе Маркез.

Возачот на Репсол Хонда воедно нагласи дека е тажен бидејќи неговиот колега Дани Педроса заминува во пензија