Разни лекови, во вредност од над 1,1 милион денари, биле откриени во автомобил на косовски државјанин кого полицијата го запрела на обиколницата во Скопје.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе кривична пријава против А.Р.(37) од Гњилане, Косово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело недозволена трговија.

На 12 февруари на обиколницата на Град Скопје, кај клучка Радишани, полициски службеници го запреле возилото „опел зафира“, кое го управувал пријавениот и при преглед биле пронајдени кутии со различни лекови, во вкупна вредност од 1.145.579 денари, за кои не приложил никаква документација за набавка.

А.Р. бил приведен во Полициската станица Чаир.