ОВР-Кичево поднесе кривична пријава против лицето И.З.(58) од градот ,поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При преглед извршен врз ова лице на 24 март годинава на улица „11 Септември“ во Кичево, полициските службеници пронашле и одзеле семки од растението канабис. Додека при претрес на неговиот дом биле пронајдени и одземени и 43 куршуми и семки од канабис, информира Стефан Димоски од СВР Охрид. З.А.